Камерон: Британија може да ја контролира миграцијата како членка на ЕУ

Британсиот премиер Дејвид Камерон изјави во Лондон дека Велика Британија може да ја контролира миграцијата во земјата и доколку остане членка на ЕУ.
- Вистинско лудило е да се верува оти миграцијата ќе се контролира само ако Велика Британија ја напушти Унијата, рече Камерон.
Британскиот премиер нагласи дека тој и неговата влада може да ја реализираат изборната платформа, според која годишната миграција не би требало да биде повисока од 100 илјади лица и во услови земјата да не го менува својот сегашен статус на членка на ЕУ.
На помалку од три недели до рефенедумот за членството на Велика Британија од Унијата, каде членува 43 години, миграцијата и тоа онаа од земјте на ЕУ, станува основаната тема во дебатите на приврзениците на проевропската и антиевропската опција за Обединетото Кралство.
Оние кои заговараат Брегзит, инсистираат дека Лондон не може да го запре „напливот на ЕУ мигранти“.
Посебно се посочуваат мигрантите од земјите на Источна Европа, кои со влегувањето во Унијата им овозмуваат на своите државјани да одберат каде и во која од богатите членки ќе се определат да живеат.
Основниот принцип на ЕУ за Европа со отворени граници и слободно движење на лугето и на работната сила, за антиевропските активисти и за евроскептиците е главниот аргумет дека „спас“ од мигрантите може да има само со напуштање на Унијата.
Антиевропските таблоид секојдневно ги плашат гласачите дека мигрантите од ЕУ им ја одземаат работата, како и дека ги трошат социјалните фондови и ги исцрпуваат можностите на британското јавно образование и здравство.
Активистите на кампањата за останување во ЕУ, велат дека ваквите тврдења се претерани, затоа што европските мигранти со своето работење и плаќање данок, повеќе даваат, отколку што земаат од британскиот буџет.
Најновите податоци на британското Биро за стастистика покажуваат дека во 2015 година вкупната нето миграција, по одбивањето на оние кои си заминале, изнесувала над 300 илјади лица. Околу 170 илјади биле од земјите на ЕУ, додека другите 180 илјади дошле од држави кои не се во Унијата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
