-->
-->
Камерниот црковен хор „Св.Великомаченик Пантелејмон“ од Велес освои златен медал на натпревар во Грција
-->
Камерниот црковен кор „Св.Великомаченик Пантелејмон“ од Велес освои златен медал на 20-та Интернационална хорска смотра односно на 14-от натпревар на хорови што се одржа во градот Карписи, Грција, како и награда за најдобар диригент за диригентот проф Славица Ставрева.
На денешната прес-конференција Славица Ставрева потенцира дека за нив претставува големо признание, а наградата е резултат на работа со голем љубов, ентузијазам и дух кон духовната музика.
- Хорот постои 12 години, а ние за овој натпревар напорно се подготвувавме скоро една година и резултатот не изостана. Радува фактот што на нашите настапи во градската црква „Св. Великомаченик Пантелејмон“ доаѓаат да не слушаат се поголем број на верници, па и цели семејства посебно младите, потенцира Ставрева.
Инаку, црковниот хор „Св.Великомаченк Пантелејмон“ учествува и на голем број културни манифестации во градот и има се поголем број на публика.
Градоначалникот Чадиев им го честата успехот и потенцира дека Општина Велес секогаш финансиски ќе ги подржува сите поединци и групи, а кои во светот достојно го презентираат градот и Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи