Свет
15. јуни 2019 - 8:27

Камерите снимија застрашувачки момент во Кина: Свлечиште однесе десетина паркирани автомобили

Во кинеската провинција Фуџијан на југот од земјата, свлечиште наеднаш се активирало и однесе десетина паркирани автомобили.

Силните дождови кои со денови паѓаат во Кина предизвикаа поплави и свлечишта во осум провинции, а до сега настрадаа повеќе од 60 луѓе.

Уништени се најмалку 7.000 домови, а над 300.000 луѓе се евакуирани зошто надојдената вода достигна до 2 метри во некои подрачја.

Поплавите збришаа и повеќе од 31.000 хектари посеви.