Живот
28. July 2018 - 14:57

Камерите снимија ликвидација среде кафуле: Руски мафијаш го славел излегувањето од затвор кога му пријде маскирано момче

Рускиот мафијаш Александар Жестоков, лидер на криминална група од Новокузњецк, отишол во локалниот паб за да го прослави излегувањето од затвор во кој поминала 7 години поради убиство и изнуда.

Меѓутоа, не стигнал да ја прослави слободата кога му пришол маскиран напаѓач и испукал неколку куршуми во него што го снимиле и надзорните камери.

Како што пренесуваат локалните медиуми, никој не повикал полиција, а сите многу брзо се разбегале.