Камера за детски надзор снимила што прават близначиња кога нивните родители спијат
Двегодишните близнаци Ендрју у Рајан од Њујорк станаа вистински хит на социјалните мрежи откако нивниот татко Џонатан објавил видео од нивната игра на Фејсбук кога требало да спијат.
Родителите ги однеле на спиење во нивната соба, но тие не се задржале долго во креветчињата. Излегле од нив, ставиле перници и почнале да скокаат на нив па повторно се враќале во креветчињата. Во еден се гледа како таткото влегува во соба и ги става повторно во креветчињата, но штом вратата ќе ја затвори, близначињата продолжуваат по старо. По некое време двајцата родители влегуваат во собата и повторно ги спремаат за спиење, но и тоа не ги спречило за повторнo да почнат да се играат.
Нивната игра е снимена од камера за детски надзор, а таткото наредното утро ја објавил на Фејсбук.
Видеото за неколку дена има повеќе од 11 милиони прегледи.
Ново на Сител
-
Пет повредени денеска се враќаат од странство, четворица пациенти и натаму се критични
-
Беќаровски: Како да се намалат последиците при труење со јаглерод моноксид
-
Општина Охрид одвојува 1 милион денари помош за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП