Камчев побара да биде изземен како сведок за „Меѓународен сојуз“
Јордан Камчев на денешното судско рочиште побара да се иземе од својството на сведок во случајот „Меѓународен сојуз”. Своето барање Камчев, го надоврза со притворот што претходно му беше одреден.
– Ако ја кажам вистината…За кршење закон каде мојот кредибилитет како сведок е нарушен и нема да му бидам во корист на обвинителството, рече сведокот Камчев.
Ова барање беше отфрлено од обвинителката Ивана Трајчевска, која рече дека притворот е одреден за друг случај кој не е поврзан со овој судски предмет.
Во продолжение на својот исказ сведокот Јордан Камчев, рече дека прв пат за Меѓународен случај, разбрал во 2018 година. До него имало понудено две предлози еден за изградба фешн мол и другата за страречки дом.
– Во овој случај фалат и лицата Зоран Милевслки, Катица Јанева и нејзиниот син. Првиот не го прифатив бидејќи мислев дека нема економска логика. Вториот предлог за старечки дом исто го одбив. Ми беше кажано дека од ова има интерес синот на Катица Јанева и од тогаш почна тортурата врз мене, рече сведокот Камчев, кој додаде дека во документот бил потпишувано лицето Лазар Јанев.
Камчев во судницата беше спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор.
Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.
Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.
Ново на Сител
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани