Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд

Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА.
– Бараме веднаш и без никакви услови да запре огнот. Повикуваме на мирно решавање на спорот, истакна дипломатот.
Кео Чеа ги отфрли обвинувањата на Тајланд дека Камбоџа прва започнала со напад, посочувајќи дека камбоџанската армија брои само една третина од тајландските сили, како и дека нивните воздухопловни сили не се целосно опремени.
ОН во соопштението по затворената седница ги повика двете држави на крајна воздржаност и избегнување на натамошни ескалации.
Камбоџа денеска соопшти дека од почетокот на конфликтот во четвртокот, загинале најмалку 13 нејзини државјани. Според податоците на Министерството за одбрана на Камбоџа, околу 35.000 лица се раселени.
Портпаролката на Министерството, Мали Сочеата, изјави дека петмина од загинатите се војници, а останатите се цивили.
МИА
Ново на Сител
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
-

Со фалсификувани пари се обиделе да платат за гориво, приведени две лица
-

Ѓорѓиевски за Божик: Секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре
-

Пообилни врнежи од дожд попладнево и во текот на ноќта, а на планините од снег
-

Снег со среден интензитет на Попова Шапка, сообраќајот по влажни коловози
-

Мицкоски за Божиќ: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца
