Калина и Александар погребани во Скопје
Денеска на скопските гробишта се погребани посмртните останки на Калина Велеска и Александар Миноски, двајцата планинари кои трагично настрадаа на врвот Кајмакчалан минатиот викенд, објави Телма.
Планинарскиот клуб Трансверзалец чии членови беа настраданите се обрати до јавноста преку социјалните мрежи во кои изразува жалење за изгубените животи и упати сочувство до семејствата на загинатите Калина и Александар.
-Во врска со официјалниот извештај, Клубот ги достави сите потребни информации до соодветните институции и ќе излезе со изјава во петок по завршувањето на истрагата и објавување на извештајот, истакнуваат од клубот.
Досега никој не ја понесе одговорноста за трагедијата. 26-годишната Калина Велеска и 36-годишниот Александар Миновски загинаа при турата на Кајмакчалан.
Првичните информации се дека и покрај лошото време била одржана планинарската акција, а двајцата загинати не успеале да се вратат во планинарскиот дом. Се уште не се расветлени сите околности за смртта на двајцата млади, но, искусни планинари.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа