Loading Video...
Тенис
6. July 2022 - 14:33

Калин Ивановски се пласира во 1/4-финалето на Вимблдон во јуниорска конкуренција

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во четвртфиналето на јуниорскиот дел од Гренд-слем турнирот во Вимблдон.
 
Во третото коло Ивановски за противник го имаше Едас Бутвилас од Литванија кого го победи со 2:1. 
 
Првиот сет Калин го доби со 6-4, а вториот со Литванецот со 7-5. 
 
Во решавачкиот трет сет Ивановски беше убедлив, а на противникот не му препушти ниту еден гем (6-0), па Калин обезбеди пласман во четвртфиналната рунда во која за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Словенецот, Бор Артнак или Педро Роденас од Шпанија.