Македонија
23. July 2019 - 15:35

Калеска-Ванчева: Сите пратеници да покажат одговорност и да го поддржат новото законско решение за ЈО

Денеска до Собранието на Република Северна Македонија се доставува Предлог законот за Јавното обвинителство што е во интерес на реформите и правдата.

Со новото законско решение Специјалното јавно обвинителство станува дел од новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Токму тоа беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО да стане дел од Јавното обвинителство кој што беше прифатен.

Предлогот обвинителката Вилма Русковска да го води новото Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција не е одлука на партиите туку логичен след на настаните.

Русковска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Предлог законот предвидува спојување на обвинителствата и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката која веќе ја извршува оваа функција.

Затоа очекуваме сите пратеници, а особено колегите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат ова законско решение.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство.

Мицкоски доаѓа од партијата што и донесе неправда на земјата, тоа ја прави неговата одговорност уште поголема.

Со месеци ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбиваа дијалог за компромис за Законот за јавно обвинителство кој ќе обезбеди СЈО како структура да ја продолжи својата работа, а случаите во нивна надлежност да бидат до крај расчистени во фер судска постапка.

Борбата против криминалот не познава партиски и други бои.

Треба да се докаже дека  принципиелно и бескомпромисно сме за борба против него.

На потег е Мицкоски, да докаже дали е за правда или е за криминал.