Свет
30. August 2017 - 10:42

„Калашников“ промовира возило за разбивање на демонстрации

Руската компанија „Калашников“, најпозната по својата пушка АК-47, претстави нов производ - возило за разбивање на демонстрации.

Оклопниот камион „Шчит“ (штит), чија предна страна наликува на булдожер, има челичен штит, кој во зависност од теренот може да се собира или развлекува.

На врвот од штитот има воден топ, а камионот поседува и отвори за пушки кои би стрелале солзавец или гумени куршуми, потоа заслепувачки светла, звучници за мегафон, како и полициски сирени.

„Шчит“  е едно од најнапредните возила од таков вид.