-->
-->
Калас: ЕУ веќе и обезбедува на Украина повеќе од половина од потребите за муниција
-->
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави денеска дека европските земји веќе ја снабдуваат Украина со повеќе од половина од потребната муниција.
„Овие работи одат многу добро. Треба што побрзо да испорачаме помош на Украина. Драго ми е што веќе имаме различни предлози и што различни земји придонесуваат. Во моментов располагаме со повеќе од 50 отсто од потребните средства“, рече Калас пред почетокот на самитот на министрите за одбрана на ЕУ во Варшава.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека на земјата и се потребни два милиони артилериски гранати, за што се потребни пет милијарди евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди