Калач: Банкарскиот сектор на Црна Гора може да се справи со последиците од корона кризата
Банкарскиот сектор реагираше многу квалитетно и навремено на пандемијата на коронавирусот, вели банкарскиот правобранител Халил Калач, кој смета дека Црна Гора може да се справи со последиците од кризата.
Излезот од кризата го гледа во синергијата на банкарскиот сектор со другите сектори преку мораториум 2, реструктуирање на постојните кредити и одобрување нови, кои мора да бидат поповолни.
Со оглед дека станува збор за криза поголема од онаа во 2008 година, Калач смета дека Црна Гора треба да направи сé за да ги спречи последиците од оваа криза.
– Еден од секторите што игра многу важна улога е банкарството. Постојат методологии од претходната криза и она што треба да го направи банката е мораториум на кредитни обврски, реструктуирање на постојните и одобрување нови заеми по нешто поповолни услови, изјави Калач за РТЦГ.
Според него, сите мора да работат за да го задржат банкарскиот сектор во позитивна сфера, затоа што тоа, како што рече, влијае на се останато.
Ново на Сител
-
Пожар во гаража во Ново Лисиче, причинета материјална штета
-
Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот
-
Земјотрес регистриран во Македонија
-
Четворица повредени при пад на мал авион врз куќа во Колорадо
-
Номиниран јавен обвинител за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација
-
Поплави во Сиднеј
-
Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово
-
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради одржување на атлетска трка