Какво време не очекува утре?
Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 19 до 24 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 25 степени.
До петок ќе се задржи претежно сончево и топло време, а услови за краткотраен дожд ќе има попладне само во планинските региони. Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашата земја во недела попладне и во ноќните часови кон понеделник и тој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд. Од недела вечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер. Во понеделник ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо.
Ново на Сител
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот