Какво време не очекува денес и во текот на наредната недела?

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито. Во текот на денот на запад и на југоисток ќе се зголеми облачноста. Ќе дува умерен дозасилен јужен ветер особено изразен во југозападните делови и долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната температура од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 24 степени.
Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, до повремено засилен југоисточен ветер. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има повремено зголемување на облачноста со појава на краткотраен локален дожд особено на југозападот.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
