-->
-->
Какво е тоа безболно грутче кое ми се појави зад увото?
-->

Безболните грутчиња зад увото се доста чести и најчесто се бенигни. Меѓутоа, некои од овие безболни грутчиња може да бидат индикатори за сериозни состојби.
Најдобро е да се провери на лекар, особено ако се зголемува. Доколку грутчето не исчезне до крајот на четвртата седмица, пациентот ќе мора да појде на лекарски преглед.
Лојна циста
Лојни цисти се создаваат поради блокирање или оштетување на лојните жлезди. Овие жлезди произведуваат лој, но понекогаш може да бидат блокирани од мртви клетки на кожата.
Малите лојни цисти генерално се безболни и безопасни. Ако дојде до инфекција на цистата, тогаш може да се појави и болка. Ако рапидно започне да расте цистата, тоа може да индицира канцер.
Лојните цисти обично сами исчезнуваат, освен ако не се инфицираат или на некој друг начин настанат проблеми.
Инфицираните цисти може да се третираат медикаментозно, најчесто со инјектирање. Лекарите исто така, може да ја исушат цистата или хируршки да ја отстранат. Некои од нив користат ласерско отстранување на цистите.
Липом
Липом е масен депозит кој се развива под кожата. На допир е меко и гумено.
Липомите се мали и обично не растат. Најчесто се појавуваат зад увото, но исто така може да се најдат и на вратот, рацете, грбот, рамената и бутовите.
Липомите се бенигни израстоци и најчесто се среќаваат кај возрасните. Обично исчезнуваат сами по себе.
Липомите најчесто се отстрануваат хируршки, особено ако се големи. Бидејќи тие се масен депозит, исто така може да се отстранат и преку липосукција.
Лекарите може да користат стероидни инјекции за да се намали липомот, но тие не можат да ги отстранат целосно.
Бенигни тумори
Бенигните тумори се не-канцерогени израстоци. Тие се создаваат при делба на клетките кога започнуваат да растат многу побрзо од обично.
Под нормални околности, телото може да го контролира бројот на новосоздадените клетки и оној на старите, кои умираат, односно да ја одржува рамнотежата.
Во туморот старите клетки не умираат и не се реапсорбираат, а наместо тоа, тие продолжуваат да се размножуваат.
Туморите зад уво генерално потекнуваат од плунковните желзди, мастоидната коска или од кожата.
Симптомите варираат и зависат од локацијата и големината на туморот. Бенигните тумори може да влијаат врз слухот и да предизвикаат вртоглавица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци