-->
-->
Каков ви е задникот, такво е и вашето здравје!
-->

Првата помисла на дебелиот задник е дека дотичната личност е гојазна, а со самото тоа и дека има проблеми со здравјето.
Сепак, ова не мора воопшто да биде точно, бидејќи нечија фигура просто може да "поднесе" и нешто поголем задник. А кога се работи за здравјето, многу е поопасно да се има вишок на масни наслаги околу градите, односно во близина на срцето.
Всушност, масните наслаги на колковите го штитат срцето задржувајќи ги масните наслаги на местата од коишто не може да им се наштети на виталните органи.
V – облик
За овој облик е карактеристична тенката половина и нешто пошироките колкови. Задникот во овој случај е всушност најширок во долниот дел од грбот, а потоа постепено се стеснува. Овој облик на задник е карактеристичен за повозрасните жени, и во ваков случај неопходно е да се регулира вносот на масти, особено транс мастите, коишто не би требало да ги консумирате воопшто. За овој облик на задник најдобро е да носите класични гаќички.
Четириаголен облик
Или како што поинаку се нарекува – "мускулест задник". Карактеристично е што овој задник е со приближно слична широчина колку и колковите. Ваквиот облик на задник уште се нарекува и – момчешка градба. Ваквиот задник е многу тешко да се преобликува и потребно е да се прават посебни и прилично агресивни вежби за да се направи некаква минимална трансформација.
Тркалезен облик
Поинаку се нарекува и облик на цреша или јаболко. Половината е значајно потенка од задникот којшто е полн и заоблен. Личностите коишто поседуваат ваков задник главно се многу здрави. Ваквиот облик на задник е многу лесен за обликување, но ваквите задници се и најмногу подложни на таложење на масни наслаги.
Срцевиден облик
Ова е дефинитивно најпосакуваниот облик на задник, и секако најубавиот. Сепак, ако не вежбаат, овие личности ризикуваат да се соочат со сериозни срцеви проблеми. На ваквиот облик на задник му одговара речиси секаков вид на облека и гаќички.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
