Како треба да седите правилно за да не ве болат грбот и нозете
Според некои истражувања дури 11, 5 часа дневно ги поминуваме во седечка положба, што е речиси половина ден, а тоа се одразува и на нашето здравје.
Лекарите предупредуваат на фактот дека човечкото тело не е конструирано за целодневно седење. Имено, во текот на долготрајното седење се забавува циркулацијата, па хранливите материи и кислородот потешко доаѓаат до ќелиите што резултира со забавување на целиот метаболизам. Со текот на времето тоа може да доведе до проблеми со циркулацијата и со нозете, до отекување, но и до покачување на телесната тежина и до појава на дијабетес.
Ако работното место не ви дозволува да станете, добро е одвреме на време да се потпрете со целиот грб на потпирачот. Притиснете го долниот дел од грбот, исправете се и стегнете ги мускулите на стомакот за да го поправите држењето. Можете да седнете исправено, да се потпрете со рацете на масата и да го истегнете рбетот со потпирање на масата како да имате намера да станете. Повремено добро е и да ја промените положбата на нозете, да ги затегнете стапалата за да ја поттикнете циркулацијата. Искористете ја секоја можност да станете од столчето и да направите еден или два чекори. Вашето тело ќе ви биде благодарно.
Рамниот грб и правилното држење го намалуваат притисокот врз срцето, белите дробови и желудникот, што делува поволно на нивната работа, но и на вашето тело и на умот. Неправилното седење влијае врз расположението, ставот, помнењето и способноста за донесување одлуки. Затоа е важно да знаете како седите и да ја коригирате положбата. Ако чувствувате дека ве боли грбот употребете го овој трик. Исправете го грбот и карлицата лесно турнете ја кон напред за да го намалите притисокот на лумбалниот дел од ’рбетот и пршлените. Кога веќе поради модерниот начин на живот не можеме да го избегнеме долготрајното седење, можеме барем да се потрудиме тоа да го правиме правилно.
Ако поголемиот дел од денот го поминувате на столче, најдобро би било да седите исправено. Во тој случај, карличниот дел би требало да ви биде сместен нешто погоре од колената, за природно да се наведне нанапред. Колковите и колената би требало да бидат под прав агол, а нозете цврсто потпрени на подот, благо оддалечени една од друга. Грбот ви е исправен и без дополнителен притисок на пршлените.
Опуштена положба
Во моментите на опуштање направете нешто за вашите нозе. Долготрајното седење може да доведе до слабеење на циркулацијата и на мускулите. За да ја поттикнете циркулацијата, од време на време кренете ги нозете на масата или на некоја друга површина. Ако тоа не можете да го направите на работното место, тогаш направете го тоа кога ќе стигнете дома. Можете да гледате телевизија или да читате книга со кренати нозе.
Положба мислител
Најголемиот проблем на денешните работни места е долготрајното гледање во екран. Со текот на времето, како што се заморуваме автоматски ја туркаме главата напред што ги заморува и ги напнува мускулите на вратот, а тоа може да предизвика болки во вратот, рамената и во главата. За да ги опуштите мускулите на вратот, од време на време, потпрете ја главата на рацете и заземете поза на мислител (главата потпрете ја на дланките и вперете го погледот кон масата).
Лежерна положба
Најлошата положба што можете да ја заземете додека седите е онаа во која што сите некако природно се наоѓаме по неколку часа пред компјутер –навалени во столот се обидуваме да легнеме, а не да седиме. Иако оваа положба може поволно да делува на намалувањето на притисокот врз желудникот, срцето и белите дробови, истата негативно влијае на ’рбетот, а долгорочно може да предизвика напнатост во вратот и рамената. Затоа, без разлика на тоа колку и да ви одговара ваквото „излежување“, подобро би било да станете и да се прошетате за да се истегнете и да ја поттикнете циркулацијата.
Подгрбавена положба
Седењето во подгрбавена положба не само што влијае неповолно врз вашиот ’рбет туку влијае и на работата на внатрешните органи што може да доведе до проблеми со дигестивниот систем, како што се киселини, затвор и подуеност. Исто така, влијае и на метаблизмот, односно на разградбата на хранливите материи па резултира со насобирање на маснотии на стомакот.
Удобна положба
Без разлика на тоа колку е удобна положбата во која ја кревате едната нога и седнувате врз неа или ги кревате и двете нозе и се потпирате на една страна, тоа може да биде причина за искривување на ’рбетот. Освен тоа, се врши притисок и на крвните садови во нозете поради свитканата положба, што може да предизвика чувство на втрнатост, но и за доведе до проширување на вените и до тромбоза.
Турски сед
Седењето со прекрстени нозе, што кај нас е познато како турски сед е еден од подобрите положби за намалување на притисокот врз ’рбетот. Оваа положба ги истегнува мускулите на бедрата, а истовремено го стабилизира горниот дел од телото и го намалува притисокот на долниот дел од ’рбетот, слично како и кога седите во исправена положба.
Ново на Сител
-
За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца
-
Минчев: Балансерот се уште на сила, ќе се разговара за укинување
-
Аерозагадувањето треба да се следи и во лето
-
ЈП „Исар“ – Штип во првите 6 месеци од годината со загуба од 4,8 милиони денари
-
Почнува фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори
-
Ќе обезбеди ли власта мнозинство за да спречи предвремени локални избори