Живот
17. July 2016 - 13:21

Како најобичните патики во историјата, повторно завладеаја во светот

Индекс - Загреб

Ако денес се прошетате по загрепските, сплитските или осијечките улици, бидете сигурни дека на нозете на сограѓаните ќе видите неверојатен број на обични бели и на око евтини патики, кои како да се појавија од никаде и станаа сеприсутни.

Секако, тоа е само на прв поглед. Луѓето многу добро знаат дека се работи за легендарниот модел Stan Smith на Адидас, кои со нивниот Суперстар, оваа година го сервираше апсолутниот „overkill‟ станувајќи исто што и „белите старки‟ - на секоја нога, без оглед на вашата мода, годините и полот.

И додека суперстарките од секогаш биле присутни во одредена мера, тоа не е случај со овој модел. Зошто да се платат 500 кога можете да ги платите 3000 куни?

Рој Сатран за i-D пишува дека вообичаено е да се видат луѓе кои веќе имаат патики (кои инаку вредат 75 долари) и плаќаат 455 долари за лимитирано светло сино издание кое го дизајнираше Раф Симонс.

И навистина, Стан Смит е нешто како „универзалка‟ - обична, ефтина и по ништо посебна патика. Дури, Стан Смит без никаква задршка можеме да ја наречеме „најобична патика во историјата‟.

Како тогаш „најобичната патика‟ стана ултимативен хит на годината, подеднакво омилена меѓу дизајнерите, уметниците, стилистите и ѕвездите?

Како почна сето тоа
Своите први патики за тенисерите Адидас ги исфрли во 1963 година и веќе тогаш носеа име на популарниот француски тениски ас Роберт Хаилета, а по неговото одење во пензија, го преземаа името на тогашниот светски првак Стан Смит (бизарен детал е тоа што многу патики во 70-тите го носеа името на Смит, а на јазикот го имаа неговото лице над кое пишуваше Хаилет).

Иако беа исклучително популарни и во текот на 80-тите, моден феномен станаа дури неодамна. Сепак се работи за едни од најпопуларните патики на сите времиња (не само според продажбата туку и поради влијанието) па не е изненадување дека многу дизајнери и поради тоа ги препознаа како совршено платно за своите уметнички дела.

Јохји Јамамото и Џереми Скот направија сопствена верзија (исто како и веќе наведениот Раф Симонс), а дури и Алксандер Ванд некои од своите лански креации ги создаде инспириран токму од овој модел. Откако постојат произведени се над стотина лимитирани изданија. Од кичести како што се тие со темата Стар Ворс, детинестите со Кермит, па се до тие со одличен квалитет како што е случајот со соработката со раперот Метход Ман. И Фарели на Адидас лани исфрли рачно обоена колекција која истиот момент беше распродадена.

Секако, раперите и адидас од секогаш имале посебна врска па не изненадува ни раперската љубов кон овој модел иако „шелтоесиците‟ беа и останаа број еден.

Одлично одработено враќањето на сцената

Модниот свет го прегрна Стан Смит благодарение на Марк Џејкобс кој во јавноста го промовираше стилот на „дизајнер кој е премногу зафатен за да размислува за облека‟. Неговата поранешна колешка Фибе Фило го презема неговиот „минималистички chic‟.

Но, дури и ако модните дизајнери и тоа што го носат ви се апсолутно неважни, веројатно се сеќавате на целосно голата Гизела Вундхен која носеше само чорапи и овие патики, а и самиот Сем Смит се пошегува дека сликата ја испратил на своите пријатели, а тие не забележале што познатата манекенка носи на нозете, вели тој.

Гизела е само една од медиумските појави кои разбудија интерес во јавноста во периодот кога компанијата накусо престана да го произведува легендарниот модел. Секако, како што тоа обично се случува, се работеше за смислен потег и многумина веќе тогаш пишуваа дека цела приказна за прекинот на производството е само медиумска кампања и создавање на hypea за големо враќање по две години подоцна. Што и на крај се случи во јануари 2014 година, креирајќи го притоа т.н. „Yeezy efekt‟ (изразот се однесува на помпа која настанува околу преценети модели зад кој стои раперот, дизајнер Кање Вест).

Веќе тогаш беше прогласена за патика на годината, а беше само прашање на време кога „celebrity ефектот‟ патиката ќе ја претворат во сеприсутна појава во мејнстримот. Добро одработената медиумска кампања, селбритите, луѓето од модниот свет и звучните колаборации, со постоечкиот легендарен статус, познатата патика ја направија уште попозната и Адидас така обезбеди уште еден мега успешен деловен потег.

Продажбата е одлична, пазарот го преплавија копии и евтини патики со сличен дизајн, а и многу други компании одлучија да ги заживеат своите стари модели и „обичната бела патика‟ ја вратија во голем стил. 
Денес е неизбежна, а тоа, како и обично е очигледен знак дека дојде време за нешто ново.