Како да преживеете срцев удар кога сте сами - доволно е да го правите ова!
За секој случај, треба да ја знаете оваа процедура доколку во оваа неизвесно време на криза, депресија и стрес ви се случи да доживеете инфаркт, а помошта е на пат.
Според истражувањето, 80% од случаите на смрт предизвикани од срцеви удари се кај лица кои биле сами во време на срцевиот напад и не можеле да си помогнат.
Како да знаете дека имате срцев удар?
Симптом за инфаркт е остра болка во градите која се шири кон рацете и вилицата.
Според лекарите, имате 15 секунди да си помогнете пред да ја изгубите свеста.
Понекогаш симптомите почнуваат полека и траат подолг временски период, што значи дека имате време да стигнете до најблиската болница или да повикате помош. Но, не ризикувајте туку спроведете ја следната постапка.
Кашлајте константно и силно. Дишете длабоко пред секое искашлување. Кашлањето мора да биде длабоко и продолжено. Длабоко вдишете и тешко кашлајте на 2 секунди, додека помошта не стигне или срцето не почне да работи правилно.
Длабокото дишење носи кислород во белите дробови и движењата на телата во текот на кашлањето го стегнуваат срцето и ја одржуваат циркулацијата на крвта. Крвниот бран повторно го воспоставува нормалниот ритам.
Во меѓувреме, повикајте помош од вашите соседи. Не престанувајте со кашлањето додека некој не ви се јави на телефон. Тоа ќе ви го спаси животот!
Според лекарите, луѓето кои го практикуваат овој метод успешно стигнуваат во болница.
Овој метод не е научно докажан, но докторите ова го советуваат кога ќе забележат симптоми на срцев удар.
Најдобро е да воспоставите нормален ритам на срцето, а да не ја изгубите свеста.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп