Како да ја претчувствувала својата смрт - Ова е последната порака на Теодора, на кого е наменета?
Теодора Качански (30) беше тешко повредена во саботата за време на пукањето на Вардарската улица во Нови Сад. Маскиран маж пукал врз возилото во кое седела Теодора. Меѓутоа, по неколкуте операции и борба за живот, девојката починала во втроникот вечерта во Клиничкиот центар Војводина. Од тогаш социјалните мрежи беа преплавени со проштални пораки од нејзините пријатели.
Нејзината другарка во тажната исповед раскажала дека Теодора живеела за семејството, за љубовта на својот живот и пријателите. Во прилог за тоа сведочи и една фотографија на трагично настраданата Теодора.
Пораката од фотографијата гласи: „За се што доаѓа, недостасуваш“, а како се претпоставува наменета е за нејзината мајкакоја починала пред неколку месеци.
- Само сакам да почива во мир на некое подобро место со својата мајка, заклучила другарката на Теодора.
За потсетување, Теодора е жртва на се уште непознат убиец, а истрагата покажала дека во неа испукани се пет куршуми додека го препаркирала џипот на своето момче, Ненад Стевиќ кој непосредно пред пукањето влегол во зградата во која живееле.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија