Свет
26. јуни 2016 - 14:34

Како да биде запрен следниот екстремист

Њујорк Тајмс - Њујорк

Иако мотивите на Омар Матин никогаш нема да станат сосема познати, масакрот што тој ја направи во Орландо отвора морничаво прашање. Како едно демократско општество може да му контрира на саморадикализирањето и да спрели напади на своја територија од луѓе кои ги прифатиле повиците на терористички организации да се убиваат невини луѓе?

САД не се единствената земја која се мачи да најде одговор кој ќе ја гарантира безбедноста на нејзините жители со тоа што ќе ги запре екстремисите, а сепак да ги зачува основните слободи, вклучително и слободата на говорот, собирите и движењето. Франција, а всушност и голем дел од Европа водат ист спор за кој нема лесно решение.

Просто нема начин да се следат сите телефонски разговори, постови на социјалните мрежи, електронската пошта и други методи кои би можеле да бидат искористени од екстремисти за да стигнат до луѓе кои се податливи за нивната пропаганда. А дури и да имаше таков начин, таквата дејност би претворила едно отворено општество во општество силно набљудувано од власта.

Тогаш, што може да се направи? Едната варијанта се строгите следења правните мерки кои доведоа до апсења при подготовка и егзекуција на планови за напади. Овој месец, на пример, тројца млади Американци од Минеаполис, по потекло од Сомалија, кој е центар за врбување на екстремисти во земјата, беа прогласени за виновни од страна на Федералниот суд за обид да отидат во Сирија во 2014 година, за да и се приклучат на Исламска држава.

Тие може да добијат казна доживотен затвор. Федералните обвинители подигнаа обвиненија за 20 луѓе во Минесота поради врски со терористичката организација Ал Шабаб, а десет биле обвинети заради поддршка на Исламската држава.

Но, до такви апсења се стигнува во доцна фаза откако луѓето веќе се радикализирале или потклекнале на пораките од терористичките организации. Предизвикот е да се направи обид да се идентификуваат оние кои се податливи за екстремистички идеологии и да се разработат програми и стратегии кои би ги насочиле по подобар пат.

Администрацијата на Обама започна да презема некои важни чекори, вклучувајќи и преосмислување на напорите на Стејт департментот за контрирање на многу успешната дејност на Исламска држава на социјалните медиуми, која привлече илјадници млади Европејци на бојното поле. Планот е да се зголеми финаисирањето за програмата, да се обучат повеќе службеници и да се насочат попрецизно пораките кон конкретни групи од населението.

Во 2014 година, со промената на терористичките закани од голем обем на Ал Каеда, во потрага по „меки цели“, Администрацијата почна да подава рака на локалните заедници кои веќе се обиделе да се справат со проблемот на младите луѓе привлечени од насилствата поврзани со екстремизмот. Минеаполис, Бостон и Лос Анџелес беа избрани од Стејт департментот за пилот програми за работа со локални граѓански здруженија и лидери.

Минеаполис е тежок предизвик. Таму живее најголемото мигрантско население од сомалиско потекло во земјата. Тоа е и градот во САД од каде тргнале најмногу млади луѓе и отишле да се борат на страната на екстремистичките групации. Таму иницијативите се финансираат со федерални, локални и корпоративни средства, вклучувајќи и воспитни програми за сомалиските млади со достап до пазарот на трудот. Беа создадени фудбалска лига и посебна организација со идеална цел за изградба на врски меѓу општествени групи, училишта и државните агенции. Имамите се упатувани од федералните обвинители да излезат од џамиите и да комуницираат со младите луѓе во понеофицијален манир.

Примената на овие стратегии се усложнува од централната улога на Стејт департментот, што изрази сомнеж дека овие напори се насочени повеќе кон собирање на разузнавачки информации, отколку кон давање реална помош. Експертите велат дека затоа лидерите на локалните заедници треба да се во првите редови на таквите иницијативи.

Идентификувањето на младите за кои постои ризик да се радикализираат и нивно отстапување од терористичко врбување нема да биде лесно, брзо или евтино, но земјата треба да го стави тоа во свој прв приоритет.