Како да аплицирате за „Купи куќа за млади“
Од денеска може да се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“ наменет за млади до 35 години кои немаат сопствен дом за владина помош за изградба на куќа.
Апликациите за проектот се доставуваат до 8-те комерцијални банки кои учествуваат во проектот, односно Стопанска банка, НЛБ, Охридска банка, Стопанка банка Битола, ТТК, Прокредит, Шпаркасе и Алфа.
За да може да се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“ лицето треба да ги исполни следните услови:
- Да нема повеќе од 35 години,
- Да одговара на критериумите за добивање кредит за куќа пропишани од банката,
- Платите на лицето кое аплицира и на брачниот другар да бидат помали од 1.300 евра, или доколку лицето не е во брак платата да биде помала од 900 евра,
- Да нема друг стан или куќа на свое име или доколку е во брак и на име на брачниот другар
- Да нема подигнато друг станбен кредит
- Рокот на отплата на кредитот да е најмалку 20 години (со можност за отплата по 12 година).
Доколку лицето одговара на условите, постапката за аплицирање е следна: Лицето треба да обезбеди плац, или доколку прави надградба/доградба треба да обезбеди согласност од сопственикот на куќата дека може да надградува/доградува, треба да обезбеди идеен и изведбен проект за изградба на куќата – бесплатни проекти за куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 метри квадратни може да добие од Министерството за транспорт и врски, да извади градежна дозвола, да склучи преддоговор со градежник изведувач и да поднесе апликација во банка
Младите можат да бираат помеѓу два модела од проектот „Купи куќа за млади“.
Субвенција на учество преку овој модел младите можат да ја искористат поддршката од Владата за отплата на целото учество (25% од кредитот). Каматната стапка е фиксна за цело време на отплата на кредитот, односно 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени.
Дополнително се заштедува од 2.000 до 3.000 евра со повластените каматни стапки.
Преку моделот Субвенција на рата граѓанинот може да ја користи поддршката од Владата за отплата на месечната рата на кредитот за куќа (главнина и камата), и тоа: Владата плаќа 80% од месечната рата во првите 8 години и 50% во 9,10 и 11 година од периодот на отплата.
Каматни стапки се 3,95% за првите 3 години и 4,44% за 4-та и 5-та година. По 5-та година каматата ја одредува банката, но не смее да биде повисока од пазарната.
Ново на Сител
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ