Како човекот станал најголем грабливец?

Луѓето се единствени „ултра-друштвени“ суштества на планетава. Ние сме успеале да ја победиме „конкуренцијата“, и да ги убиеме или асимилираме сите други хуманоидни видови, пишува американскиот портал „Саенс Алерт“.
„Живееме во градови со илјадници и милиони жители и, и покрај општо познатите статистички податоци, насилството помеѓу луѓето е многу ретко. Причината за тоа е тоа што имаме многу голем, флексибилен и исклучително сложен ’социјален мозок’,” се вели во написот.
Луѓето немаат свое сопствено природно оружје, но фактот дека живееме и функционираме во големи групи (и користиме разни орудија), ни помогнал да се претвориме во најголем напасник, во грабливец, којшто убивал и цели мамути, а го предизвикал и исчезнувањето на многу други видови.
„Социјалниот мозок“ дозволува усовршување на вештините, така што индивидуите успеваат да се посветат и на раѓањето деца, нивно одгледување, на пронаоѓање и изработка на секакви орудија и сечива, меѓусебно здружување, лов, контролирање и одржување на огнот и на изнаоѓањето ресурси.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
