Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас заминува на нејзината прва посета на Западниот Балкан од стапување на функцијата, во чии рамки од денеска до среда ќе престојува во Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.
Денеска, на првиот ден од турнејата, Калас во Подгорица ќе има средби со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ. Предвидено е Калас да им средби и со претставници на граѓански организации, а ќе присуствува и на примопредавањето на воена опрема за Црна Гора, финансирана од Европскиот мировен фонд.
Од Подгорица, високата претставничка на ЕУ ќе замине за Тирана, каде утре ќе има средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, како и со министрите за Европа и надворешни работи Игли Хасани и за одбрана Пиро Венгу.
Заедно со Хасани и Венгу, Калас ќе го одржи и првиот Дијалог за безбедност и одбрана ЕУ-Албанија, а ќе присуствува и на потпишувањето на договори за грант и заем од Европската инвестициска банка за изградба на пруга од Драч до Рогожина. Калас, исто така ќе има и обраќање пред студенти и претставници на граѓанското општество.
На последната етапа од нејзината западнобалканска турнеја, Калас ќе престојува во Сараево, каде утре ќе има средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, а предвидено е за време на посетата да се сретне и со претседавачката на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, како и со министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ.
Покрај ова, Калас ќе ги посети и припадниците на мисијата на на ЕУ во Босна и Херцеговина – ЕУФОР Алтеа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
