Кај вработен во КПУ Идризово најдена марихуана
Скопското јавно обвинителство поведе постапка против надзорник од КПУ Идризово, кај кого вчера е пронајдено марихуана, а при претрес во неговиот дом и девет парчиња муниција.
Основното јавно обвинителство-Скопје денеска соопшти дека повеле постапка против едно лице за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од чл.215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од чл.396 од Кривичниот законик.
При редовна контрола и личен претрес на лицето вработено како надзорник во КПУ Идризово, вчера во неговите лични работи пронајдено е топчесто пакување налепено со селотејп трака за кое при вештачењето е утврдено дека се работи за марихуана. При извршениот претрес во домот на осомничениот покрај количество на марихуана, пронајдени се и 9 парчиња на муниција.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Скопје издаде Наредба за поведување на истражна постапка и до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка Притвор. Предлогот е прифатен и со Решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости