-->
-->
Кај Смилковско било пукано со два Калашникови и еден пиштол
-->
Вештото лице Неџат Муриќ, дипломиран форензичар во областа на балистиката, вработен во крим-техниката при МВР, на денешното рочиште за „Монструм“ ги произнесе наодите од вештачењето за чаурите и проектилите што се пронајдени кај Смилковското Езеро.Форензичарот Муриќ истакна дека во МВР се донесени 21 чаура, 8 испукани проектили и 2 дела од проектили. Од извршените микроскопски анализи е утврдено дека 13 чаури се од муниција со калибар 7,62 x 39 милиметри кои одговараат на рускиот автомат АК-47 познат како „калашников“, додека, пак, 8 од чаурите се од муниција со калибар 9 милиметри од пиштолот познат како „долга деветка“.
Муриќ истакна дека на фармата на обвинетиот Фејзи Азири во Белимбегово биле пронајдени 53 испалени чаури со истиот калибар 7,62×39.
Исто така, како што вели Муриќ од извршената микроскопска анализа на примероците, 11 од 13 испукани чаури се од една пушка, додека, пак, останатите 2 чаури се испукани од друго огнено оружје од истиот вид АК-47. Вештото лице истакна дека за истрага во МВР се донесени само овие примерока, но не и самите огнени оружја.
На денешното рочиште за „Монструм“, шест вештаци ќе ги произнесат наодите од своето вештачење од различни области поврзани со петкратното убиство кај Смилковско Езеро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
