Кај Неготино пронајден осум милиони години стар скелет од слон
Министерството за култура и националната установа Природонаучен музеј на Македонија информираат за уникатно палеонтолошко откритие во близина на село Долни Дисан, Неготино, и за палеонтолошките ископувања кои во моментот се одвиваат, за колекционирање и конзервирање на пронајдени фосилни остатоци од изумрен вид слон. Утре во 10 часот локалитетот ќе го посети и министерот за култура, м-р Роберт Алаѓозовски.
Палеонтолошки екипи од Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј во Софија од 20 април 2018 година почнаа со ископување фосилни остатоци од изумрен вид слон (Choerolophodon pantelici), чија старост прелиминарно се проценува на околу осум милиони години. Фосилните остатоци беа откриени при заедничката теренска работа кај с. Долни Дисан во 2017 година. Досега откриените коски укажуваат дека се работи за зачуван значаен дел од скелетот на слонот. Според мислењето на стручниот тим, се работи за наод со големо научно значење. Фосилни остатоци од овој вид слон се најдени на повеќе локалитети во Македонија и ширум Евроазија, но комплетен скелет од ова животно досега не ѝ е познат на науката. Ова го прави наодот уникатен во светски рамки затоа што ќе одговори на повеќе прашања за изгледот и начинот на живот на овој предок на денешните слонови.
Со поддршка на Министерството за култура преку програмата за музејска дејност, стручен тим од Природонаучниот музеј на Македонија раководен од Биљана Гаревска, заедно со стручна помош од палеонтолози од Природонаучниот музеј од Софија предводени од Николај Спасов, во деновите кои претстојат ќе ги колекционираат ископаните остатоци. Се надеваме дека во блиска иднина фосилните коски ќе бидат конзервирани и претставени на македонската и меѓународната јавност, преку соодветно изложување во просториите на Музејот.
По својата старост (видот живеел пред 8 до 7 милиони години), овој вид слон е постар од мамутите (5 милиони – 4500 години). Населувал суви тревести живеалишта еквивалентни на денешните африкански савани. Живеел задно со предци на денешните жирафи, сабјести тигри, примати и други изумрени видови од периодот на миоцен.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од урнатиот покрив на ноќен клуб во Санто Доминго се искачи на 225
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година