-->
-->
Кај Градско уапсен Албанец кој превезувал 21 мигрант
-->
Утринава околу 10.30 часот на автопатот А1, делница Градско - наплатна станица „Отовица", пред место викано „Дервенски мост", полициски службеници од СВР Велес запреле комбе, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(37) од Република Албанија, соопштија од МВР.
Возачот се обидел да избега, но веднаш бил фатен и лишен од слобода, а по преглед во возилото биле пронајдени 21 лице – мигранти од Пакистан и Индија.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин