-->
-->
Кај 17-годишник во Кичево пронајден гасен пиштол
-->
На 09.02.2024 во 18.30 часот во Кичево, лишен од слобода е 17-годишник од кичевското село Лисичани, соопшти МВР.
Кај него, пронајден и одземен е еден гасен пиштол марка „Екол“, калибар 9 милиметри од кој, по претходна вербална расправија со П.П. и Л.Г. од Кичево, во воздух испукал еден куршум. При извршениот увид, полициските службеници, на местото пронајдоа една чаура од гасен пиштол.
По целосно документирање на настанот за кој е известен и јавен обвинител, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен 31-годишник од Криволак за агресивен однос кон лица од Шумска полиција
-
Бајден ја откажа посетата на Италија поради катастрофалните пожари во Калифорнија
-
Отстранети 50 кубни метри отпад од диви депонии
-
Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилство
-
Студен бран со дожд и снег
-
Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника
-
МВР: Внимавајте телефонските измами се сѐ почести, не споделувајте лични податоци
-
Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на Македонија и украинска област кон Бугарија