Каевски: Силна поддршка од Германија и гаранции од Шолц - нема нови условувања
Посетата на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на Германија, донесе дополнителни придобивки за државата и нашата европска иднина.
Директно од канцеларот Олаф Шолц добивме јасни и цврсти гаранции дека нови услови, нови пречки на европскиот пат нема да има.
Дополнително, тој јасно ја нагласи големата почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што Северна Македонија ги вложува во реформи на патот кон ЕУ.
Сето ова доаѓа по усвојувањето на Резолуцијата во германскиот Бундестаг со која се потврдува и дополнително афирмира македонскиот како рамноправен со сите останати јазици на Европската Унија.
Ова е уште една потврда за државничките политики на СДСМ и парламентарното мнозинство.
Пред сите нас сега е важен период во кој треба да влеземе одговорно и заеднички низ дијалог да го заокружиме процесот на уставните реформи.
Сите политички субјекти, вклучително и ДПМНЕ треба во прв план да ги стават државните и националните интереси и заеднички низ консензус да ја обезбедиме европската иднина.
Полноправното членство во ЕУ не е определба само на една или две партии, тоа е стратешка цел поставена уште од денот на осамостојувањето.
На тој пат кон полноправно членство не сме сами, туку ја имаме безрезервната поддршка на САД и нашите европски сојузници меѓу кои и Германија.
Сојузна Република Германија не е само сојузник во НАТО и поддржувач во ЕУ, туку таа е и наш најважен економски партнер.
Околу 50% од вкупниот извоз од Северна Македонија е во Германија, а трговската размена меѓу двете земји, само минатата година изнесуваше 3,2 милијарди евра.
Оваа, како и соработката со останатите земји членки на ЕУ, дополнително ќе се интензивира по отворањето на првите поглавја и по зачленувањето во Унијата.
Затоа, сега мора да ја искористиме оваа шанса, да обезбедиме европски стандарди и услови дома, да обезбедиме европска сегашност и иднина за сите наши граѓани.
Прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам