Каевски: По синоќешните инциденти мора да следува одговорност од сторителите и организаторите
СДСМ најостро го осудува насилството на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица и бараме одговорност.
Во насилствата пред Собранието повредени се 47 полицајци, од нив 11 се со потешки повреди.
Насилници маскирани со качулки, со камења, шишиња, молотови коктели вчера ја нападнаа македонската полиција, во обид да го повторат упадот во Собранието од 27 април.
Целата јавност вчера на дело ја виде насилничката матрица, вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер, проруската Левица.
Организаторите, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, ги водеа насилните протести и кога почна насилството воопшто не се обидоа да ја смират толпата.
Досега нема ниту збор за осуда на насилството, ниту една порака за повредените полицајци.
Мицкоски и Апасиев најмалку што можат да направат денеска е да им се ивинат на граѓаните, да им се извинат на семејствата на полицајците и да посетат некој од повредените полицајци.
Почитувани,
По синоќешните инциденти, мора да следува одговорност од сторителите, но и од организаторите и од оние кои го поттикнуваа насилството.
СДСМ го осудува секој вид на насилство и ги повикува граѓаните да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите и повиците за насилство на антиевропските ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Заедно со институциите, заедно со граѓаните, нема да дозволиме насилничкото однесување и црните сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат стабилноста на државата.
Прес-конференција на Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
