Кадиров ги обвини САД за блокирањето на неговите профили на Фејсбук и Твитер
Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров порача дека нема да бара реактивирање на неговите профили на Фејсбук и на Инстаграм, кои вчера ги блокираа двете социјални мрежи и за целиот случај ги обвини властите на САД.
Тоа е прва реакција на Кадиров, кого минатата недела американското Министерство за финансии го додаде на т.н. „листа Магнитски“, обвинувајќи го за тoртура и убиства и за „чистки“ на хомосексуалците и бисексуалците во Чеченија и во севернокавкаскиот регион.
Тој е еден од четирите руски државјани кои се најдоа на дополнетата „листа Магнитски“, изработена врз основа на Законот за заштита на човековите права во Русија и поранешните советски републики, познат како „Акт Магнитски“.
Профилите на Кадиров на Фејсбук и Инстраграм, кои имаат илјадници следбеници, од завчера се недостапни. На овие профоли тој често објавуваше фотографии, прикажувајќи го својот екстравагентен стил на живот.
- Социјалните мрежи можат да блокираат профили, но името на Рамзан Кадиров никогаш нема да биде блокирано, нити од нив, ниту од нивните домаќини, порача чеченскиот претседател.
Кадиров е еден од најзначајните руски официјални лица додадени во „списокот Магнитски“ од страна на Одделот за контрола на странскиот капитал при Министерство за финансии на САД.
„Актот Магнитски“ е донесен со цел да бидат казнети руски официјални лица и обични граѓани осомничени за кршење на човекови права во Русија.
Останатите тројца новододадени на листата се Ајуб Катаев, Јулија Мајорова, Андреј Павлов и Алексеј Шешења. Катаев е припадник на чеченските безбедносни служби, како дел од т.н. група „Кадировци“.
Досега на листата се наоѓаат 49 лица. Десетина од нив, како раководителот на Истражен комитет на Русија, Александар Бистрикин или поранешниот разунавач Андреј Луговој, кој е осомничен за убиството на дисидентот Александар Литвиненко во Лондон во 2007 со радиоактивен полониум, се блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин.
Сите се подложни на различни финансиски санкции и забрани за преминување граници. Непознат број на други лица се наоѓаат на класифицирна листа, која е недостапна за јавноста. Генерално, сите лица на „листата Магнитски“ не можат да вршат трансакции во најголем дел од меѓународниот банкарски систем, а капиталот што го поседуваат во САД им е замрзнат.
На донесениот закон од страна на американскиот Конгрес во 2012, Путин возврати гневно и во 2013 година Кремљ ја стопира програмата за посвојувања на руски сирачиња од страна на американски граѓани. За тоа беше донесен закон експресно изгласан од Думата. Руската опозицијата овој законски текст го нараче „закон на подлите“.
- Продолжуваме да го користиме „Актот Магнитски“ се поагресивно против сите оние кои газат по човековите права во Русија. Вклучени се поединци одговорни за убиства, тортура и други одвратни чинови, изјави директорот на Одделот за санкции при американското Министерство за финансии, Џон Смит.
„Законот Магнитски“ беше усвоен во Конгресот на САД по неколкугодишно исцрпно лобирање на американско-британскиот бизнисмен Вилијам Браудер, кој управуваше со хеџ-фонд во Москва. Неговиот адвокат и ревизор, Сергеј Магнитски, беше сурово измачуван и убиен во еден московски затвор во 2009 година, откако откри шема на перење пари од страна на даночните служби во Москва во вредност од 200 милиони долари.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска