-->
-->
Кадетите поразени и од Бугарија
-->
Македонската репрезентација за кошаркари до 16 години во 3 коло на меѓународниот турнир во Скопје загуби од врсниците од Бугарија со 72 – 68, и со три порази го освои последното 4-место.
Лошата игра во одбрана во втората и третата четвртина беше клучна за новиот пораз на нашите млади кошаркари. Црвено жолтите вечерва немаа одговор во одбраната за најдобриот бугарски кошаркар Чернокожев кој со 37 поени беше најзаслужниот за победата на националниот тим на Бугарија. Во редовите на нашата репрезентација најефикасни беа Стојановски и Панов со 14 односно 11 поени.Македонскиот тим до 16 години кој се подготвува за настап на ЕП дивизија Б на турнирот на домашен терен во Скопје во конкуренција на Русија, Турција и Бугарија го освои последното четврто место.
Во натпреварот за првото место селекцијата на Турција ја победи Русија со 68 – 60.
Инаку, на црвено-жолтите овој турнир е дел од подготвовките за настап во Б дивизијата на претстојното ЕП кое ќе се одржи во Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови