Кошарка
7. August 2015 - 22:34

Кадетите ја победија Португалија

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) ја остварија првата победа на Европското првенство Б дивизија што се игра во Софија. Нашите кадети вечерва во натпревар од 2.коло ја победија Португалија со 51:40 (16:16; 11:02; 08:07; 16:15).
Решавачката предност нашата репрезентација ја оствари во вториот период кога противникот постигна само два поена. Избраниците на селекторот Владимир Мирковски предноста ја сочуваа во вториот дел (трет период) кога го имаа и највисокото водство од 35:20 во 26.минута. Најефикасен во нашиот состав беше Александар Јанев со 22 поена.
На другите два дуела од 2.коло од групата Д: Шведска – Исланд 82:42 и Украина – Естонија 64:95.
Табела: Естонија 4 бодови, Шведска 3, Украина 3, Македонија 3,Португалија 3, Исланд 2.
Утре нашата репрезентација ќе игра против Исланд со почеток во 17:15 часот.