Каде вака: Манекенка со бујно деколте сакаше кај Папата

Манекенката Викторија Ксиполитакис од Аргентина, стоела во првите редови покрај автопатот во Асунсион, главниот град на Парагвај, за да го поздрави папата Франциско, а на себе носела пантолани со трегери и бела проѕирна маица, под која се гледале нејзините гради.
Кога членовите на обезбедувањето ја забележале, ја оддалечиле за да не ја види папата.
Викторија на новинарите им рекла дека дошла да се поздрави со Светиот Отец бидејќи се надевала дека “тој ќе ѝ ги прости гревовите”. Викторија се обидувала неколку седмици да договори приватна средба со папата, но откако не успеала, одлучила да го чека покрај патот.
Насобраните почнале да ја навредуваат, обезбедувањето реагирало.

Со оглед на тоа дека папата на својата турнеја низ Јужна Америка не ја посетил Аргентина, манекенката отишла во Парагвај да го чека таму.
Насобраните почнале да ја навредуваат и да ѝ велат да си оди. Обезбедувањето реагирало и ја испратило.
“Им се извинувам на сите. Не сакав да навредам никого”
“Жал ми е. Им се извинувам на сите. Не сакав никого да навредам. Не знаев што правам и животот ми беше загрозен. Не сум лоша личност. Се обидувам да бидам добра кон другите”, рекла подоцна Викторија.
Пред шест месеци била обвинета дека користи Фотошоп за да го зголеми својот задник, откако била прогласена за кралица на карневалите. Пред неколку седмици направила селфи со пилотите на “Austral Airlines”, кои и дозволиле да влезе во кокпитот. Пилотот и копилотот биле отпуштени, пишува Daily Mail.
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
