Кацин: Во Словенија до крајот на јуни ќе биде вакцинирано половина население
Координаторот на процесот за вакцинација во Словенија, Јелко Кацин денеска изјави дека до крајот на јуни половина од населението треба да се вакцинира.
Кацин изјави дека словенечката Влада има поголеми амбиции и дека очекуваат Европската агенција за лекови следната недела да ги одобри вакцините на „Џонсон и Џонсон“.
Тој посети неколку места за вакцинација во Љубљана, Жалец и Целје.
– Очекуваме да добиеме повеќе од 24.000 дози вакцина од „АстраЗенека“. Вакцинацијата на просветните работници може да започне следната недела. Оние кои ќе се вакцинираат следната недела ќе бидат заштитени до Божик, бидејќи „АстраЗенека“ штити девет месеци, рече Кацин.
Тој најави дека во март ќе пристигнат вкупно 100.000 вакцини „АстраЗенека“, повеќе од 30.000 вакцини на „Модерна“ и околу 100.000 вакцини на „Фајзер/Бионтек“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација