Кацаров, Баковиќ и Ѓуришиќ добитници на наградата „Големиот принц“
Македонскиот писател Трајче Кацаров, Ивица Баковиќ од Хрватска и Душан Ѓуришиќ од Црна Гора се годинашните добитници на меѓународната награда „Големиот принц“ на Фестивалот „Големи и мали деца“, кој заедно го организираат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија Презент“ од Скопје.
Кацаров е награден за неговата најнова книга за деца и млади „Скаските на Мето од петто“, Баковиќ ја подготви книгата „Македонски раскази за деца“, а Ѓуришиќ ги преведе „Антологиите на македонскиот расказ и македонската поезија за деца и млади“
Книгата од Трајче Кацаров е мини роман, кој говори за периодот кога детето се одвојува, односно како што вели авторот „не се држи веќе цврсто за здолништето на бабата и фустанот на мајката“. Кацаров пишува современо, актуелно и провокативно, а по неговата претходна книга „Ојле брада во животинска балада“, со ова ново дело донесува нешто ново, модерно, урбано и привлечно во македонската литература за деца и млади.
Ивица Баковиќ и Душан Ѓуришиќ се вистински книжевни амбасадори, аниматори и афирматори на македонската литература за деца и млади во Хрватска и Црна Гора. Со тоа, нашето творештво за најмладите излегува надвор од локалните гранции и рамки и зазема се позначајно и посуверено место во рамки на балканската и европската книжевнсот за деца и млади.
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите