Кац: Белгијци престанете да јадете чоколадо
Израелскиот министер за разузнавање, Израел Кац, ги обвини белгиските лидери дека ја потценуваат заканата која ја претставуваат муслиманските радикали во оваа земја и на Белгијците им порача дека не можат истовремено да „јадат чоколадо“ и да се борат против тероризмот.
- Доколку Белгијците продолжат да јадат чоколадо, да уживаат во животот и да се претставуваат како големи либерали и демократи, место да се занимаваат со муслиманите кои организираат терористички напади во оваа земја, нема да можат да се борат против нив, рече Кац за израелското државно радио.
Кац оцени дека европските лидери и американскиот претседател Барак Обама ја загрозиле борбата против насилството што го спроведуваат џихадистите, не сакајќи да го дефинираат како „исламски тероризам“, пренесуваат француските медиуми.
-Кога не го дефинирате својот непријател, не можете ни да водите светска кампања, рече Кац, кој е и израелски министер за сообраќај.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле