Кабул бара датум за обнова на дијалогот со талибанците до крајот на месецов

Авганистан бара до крајот на овој месец да се определи датум за обновување на директните преговори со талибанците, изјави денеска министерот за надворешни работи Салахудин Рабани за време на отворањето на новиот четиристран форум, посветен на одмрзнувањето на мировниот процес, кој е прекинат минатото лето.
Тој денеска во Кабул ја отвори четвртата четиристрана средба со учество на Кина, САД, Авганистан и Пакистан. Како и на претходните три средби, талибанците немаат свој претставник во разговорите.
- Процесот, кој започна во јануари, е добра можност за сите опозиционери да го положат оружјето и да го прекинат насилството врз народот, истакна Рабани.
Шефот на авганистанската дипломатија ги покани „сите талибански групи“ да се приклучат кон дијалогот.
Пакистан во јули минатата година беше домаќин на првите директни преговори меѓу Кабул и талибанците, но дијалогот беше брзо прекинат по информацијата за смртта на основачот на движењето мула Омар.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
