Кабинет на Иванов: Како може министер без ресор да му наложува на претседателот?
Jа информираме јавноста дека во Република Македонија постојат механизми за проверка на финансиското работење на државните институции.
Претседателот Иванов до сега ги почитувал и во целост ги исполнувал пропишаните законски регулативи.
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и понатаму, како и досега, ќе продолжи со транспарентно и отчетно раководење со доверениот буџет, што го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на Претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија.
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија нема законска обврска да прифаќа дополнителни „алатки“.
За нас е нејасно на кој начин може г. Роберт Поповски, министер без ресор, да наложува и бара од институцијата Кабинет на Претседател на Република Македонија да прифати вакви мерки, за кои веќе постојат механизми во Република Македонија, освен ако не се работи за популизам, што за Кабинетот на Претседателот е неприфатливо. Сметаме дека сè што треба да се направи е да се почитуваат и спроведуваат постоечките прописи.
Во контекст на ова, говори и извештајот на Центарот за економски анализи http://cea.org.mk/wp-
Од друга страна, јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со непотпишувањето наУказот за прогласување на Законот заратификација на Спогодбата со Грција.
„Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор“, изјави претседателот Иванов на 13 јуни 2018 година во обраќање до нацијата.
Кабинет на Претседателот на Република Македонија
Ново на Сител
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на автопатот Куманово – Велес
-

Почина режисерот Сашо Миленковски
-

СП 2026: Канада прв осминафиналист
-

Едно возило се преврте во тешка сообраќајка утринава, повредени повеќе лица
-

Општина Кочани алармира: Повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции
-

Министерот Трипуновски ќе потпише грант од два милиони долари со Светска банка
-

Шабан Салиу ќе даде отчет за досегашните активности, постигнатите резултати и идните приоритети
-

Литванскиот министер за надворешени работи Кестутис Будрис во официјална посета на Македонија
