Кабинет на Џафери: Седница за ДИК не беше закажана зашто немаше партиски предлози
Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија реагира на написите пласирани во дел од порталите, во врска со наводното одложување на седницата на која треба да се изгласаат членовите на Државната изборна комисија. Во написите, укажуваат од кабинетот, неточно е наведено дека процесот на избор на членови на ДИК е попречен поради отсуството на претседателот на Собранието Талат Џафери од приватни причини.
- Седницата на Собранието на која ќе се гласа за новите членови на Државната изборна комисија, воопшто не беше закажана, што значи немало и што да се откаже. На 23 јули 2018 година, претседателот на Собранието чекаше вакво известување до полноќ и истото не пристигна. Затоа седницата не беше ниту закажана, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери.
Кабинетот на претседателот на Собранието ги поттикнува сите новинари, како и досега, да се обратат до кабинетот за да добијат прецизна, точна и навремена информација, со цел да се превенира ширење на нецелосни и невистинити вести во јавноста.
Ново на Сител
-
За прв пат од 2014 година во Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол
-
Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир
-
Џејмс е најстариот играч во НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара
-
Јокиќ со четврти последователен трипл-дабл
-
Иран: Трамп да го запре континуираниот геноцид во Појасот Газа
-
Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад
-
Украина прогласи висок степен на тревога
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица