Свет
25. August 2016 - 10:41

Јужнокорејски жртви на сексуално ропство ќе добијат по 90.000 долари отштета

Јужна Кореја соопшти дека нејзини жители кои биде принудувани да бидат сексуални робинки на јапонски војници за време на Втората светска војна, ќе може да добијат до 100 милиони вони (90.000 долари) од фондација финансирана од јапонската Влада.

Семејствата на починатите жртви ќе може да добијат по 20 милиони вони, соопшти јужнокорејското МНР.

Фондацијата основана минатиот месец во Сеул има буџет од околу милијарда јени (9,9 милиони долари).

Јужна Кореја и Јапонија се договорија за формирање фондација во септември со што заврши спорот што траеше со децении за јужнокорејските жрви на сексуално ропство. Тогаш Сеул соопшти дека има 46 преживеани и 196 се починати.