Јужнокорејски пратеник бара смена на Ким Џонг-ун по примерот на Садам Хусеин
Пратеникот од редовите на јужнокорејската владејачка Партија на новите граница (СД), Ха Тае-кеунг денеска повика на смена од власта на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, јави агенцијата Јонхап.
- Сите ќе бидат среќни ако биде сменет Ким Џонг-ун, изјави Ха во интервју за една јужнокорејска локална радио станица.
Тој нагласи дека меѓународната заедница мора да остане обединета во непорите за смена на Ким, како што тоа го стори во случајот со поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин.
- И Ким Џон-ун е воен злосторник, нагласи Ха, алудирајќи на осудата и егзекуцијата на Садам Хусеин под обвинение за воени злосторства. - Ослободувањето од злосторниците е прифатливо и не претставува кршење на меѓународното право, нагласи јужнокорејскиот пратеник.
Властите во Сеул засега не реагираа на ваквиот повик на пратеникот од редовите на владејачката коалиција, а досега не се огласи ниту официјален Пјонгјанг.
Ново на Сител
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава