Јужнокорејската војска соопшти дека Пјонгјанг истрелал неколку крстосувачки ракети
Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети кон отворено море, соопшти јужнокорејската војска.
Ракетите биле забележани утринава и паднале во морето меѓу Корејскиот полуостров и Кина, соопшти Генералштабот на армијата во Сеул.
Деталите за инцидентот се уште се анализираат во соработка со САД, наведе јужнокорејската армија.
Северна Кореја, самопрогласена нуклеарна сила, е предмет на меѓународни санкции поради нејзиното нуклеарно оружје и ракетна програма. За разлика од балистичките ракети, тестовите со крстосувачки ракети не подлежат на забраната на ОН наметната кон оваа изолирана земја.
Меѓутоа, таквото оружје може да се користи и за распоредување нуклеарни боеви глави. За разлика од балистичките ракети, наведуваните ракети имаат свој постојан погонски систем.
Во текот на изминатите две години Северна Кореја значително ги зголеми своите ракетни тестирања и ја интензивираше својата непријателска реторика против јужнокорејската и американската влада.
Ново на Сител
-
Приведен жител на неготинско село, сопругата го пријавила дека физички ја нападнал
-
Затвореник со лажни бугарски документи се обидел да избега во Грција
-
Автобус прегази 84 годишна жена во Илинден
-
Портокалов аларм до средината на наредната недела, температури и над 40 степени
-
Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“
-
Продолжува исплатата на паричните надоместоци за основците и средношколците
-
Филипче: Граѓаните денес се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, најмоќниот воен сојуз во светот
-
ДЗР: Претпазливо да се управува со јавните финансии, зголемениот јавен долг бара одржлива фискална политика