Јужнокорејската војска соопшти дека Пјонгјанг истрелал неколку крстосувачки ракети
Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети кон отворено море, соопшти јужнокорејската војска.
Ракетите биле забележани утринава и паднале во морето меѓу Корејскиот полуостров и Кина, соопшти Генералштабот на армијата во Сеул.
Деталите за инцидентот се уште се анализираат во соработка со САД, наведе јужнокорејската армија.
Северна Кореја, самопрогласена нуклеарна сила, е предмет на меѓународни санкции поради нејзиното нуклеарно оружје и ракетна програма. За разлика од балистичките ракети, тестовите со крстосувачки ракети не подлежат на забраната на ОН наметната кон оваа изолирана земја.
Меѓутоа, таквото оружје може да се користи и за распоредување нуклеарни боеви глави. За разлика од балистичките ракети, наведуваните ракети имаат свој постојан погонски систем.
Во текот на изминатите две години Северна Кореја значително ги зголеми своите ракетни тестирања и ја интензивираше својата непријателска реторика против јужнокорејската и американската влада.
Ново на Сител
-
Мицкоски од Вашингтон: Нова инвестиција во Скопје ќе отвори 100 работни места
-
Јавните компании пред колапс
-
Во недела Галичка свадба
-
Преглед на вестите од светот
-
Над 40 основни училишта се затвориле во изминатите пет години
-
Тема да денот со Иво Ранѓеловиќ, политиколог
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Како оперираат крадците низ археолошките локалитети во државата?