Јужнокорејската претседателка осомничена за корупциски скандал
Јужнокрејската претседателка Парк Гуен-хе е осомничена денеска дека имала „значајна улога“ во корупцискиот скандал, во кој е вмешана една, нејзина блиска, доверлива личност.
Во соопштението на главниот обвинител Ли Јунг Реиол се наведува дека претседателката е осомничена откако доверливата личност Цои Су-сил, како и двајца советници, беа формално обвинети.
Адвокатот на Парк, меѓутоа, ја отфрли изјавата на обвинителот оценувајќи го обвинувањето како „чиста фантазија“.
Во Јужна Кореја, шефот на државата има имунитет од обвинување, но Парк веќе неколку денови се соочува со масовни демонстрации во Сеул.
Нејзините политички противници бараат таа да поднесе оставка.
Главниот обвинител во изјава за јужнокорејските медиуми наведе дека претседателот на држвата ќе биде сослушана за целиот случај, во наредните денови.
Парк претходно ја уверуваше јужнокорејската јавност дека ќе учествува во истрагата.
Нејзиниот адвокат, сепак, денеска соопшти оти таа нема да разговара со обвинителите и дека ќе коминицира само со „независниот тим на истражители“ што наскоро ќе ја преземе истрагата од Обвинителството на земјата.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација