Јужна Кореја построго ќе го контролира извозот во Русија
Јужна Кореја построго ќе го контролира извозот во Русија, со забрана за извезување стратешки артикли. Земјата ќе им се придружи на западните земји во потезите да исклучат некои руски банки од меѓународниот систем за плаќање СВИФТ, соопшти денеска, јужнокорејското Министерство за надворешни работи.
Исто така, се одлучи и да се промовира дополнително ослободување стратешки резерви на нафта за стабилизација на меѓународните енергетски пазари, како и да се преиспитаат и други мерки, како на пример, препродажба на ЛНГ во Европа, информираше Министерството, јави Хина.
„Владата ја осуди руската вооружена инвазија на Украина и како одговорен член на меѓународната заедница, одлучи активно да учествува во напорите на меѓународните заедници, вклучувајќи економски санкции, за мирно решавање на состојбата“, се наведува во соопштението.
Меѓу тоа што ќе се контролира, влегуваат и залихите на електроника, полупроводници, компјутери, информации и комуникации, сензори и ласери, навигација и авионика и опрема за бродови и авијација.
Министерството додаде дека ќе ја зголеми хуманитарната помош за Украина, појаснувајќи дека за своите одлу ки, службено ја известило американската Влада преку дипломатски канали.
Ново на Сител
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина