Јужна Кореја ќе испрати хуманитарна помош за Северна Кореја

Јужна Кореја ја разгледува можноста за испраќање хуманитарна помош на Северна Кореја во вредност од осум милиони долари преку меѓународна организација.
- Владата во Сеул планира да одржи состанок за меѓукорејската соработка на кој би одлучила дали да понуди хуманитарна помош на оние кои се загрозени во Северна Кореја, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Во 2016 година Сеул ја суспендираше помошта на Пјонгјанг преку ОН по нуклеарните и ракетните тестови на Северна Кореја.
Министерството во Сеул сега предлага 4,5 милиони долари да се издвојат за децата и трудниците во Северна Кореја преку Светската програма на ОН за храна, а преостанатите 3,5 милиони долари да се донираат преку УНИЦЕФ.
- Основниот став на Владата е дека треба да продолжи хуманитарната помош за загрозените групи во Северна Кореја, без оглед на политичката ситуација, изјави неименувам јужнокорејски претставник.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
