Јужна и Северна Кореја обновија важен канал за комуникација
Јужна Кореја денеска соопшти дека се воспоставени првични контакти со Северна Кореја преку обновената прекугранична комуникациска линија.
Јужнокорејското Министерство за национално обединување соопшти дека Сеул и Пјонгјанг имаат воспоставено врска преку комуникацискиот канал во пограничнотo село Панминчжон. Вработените прво проверуваат дали комуникациските линии работат добро.
Државната телевизија на Северна Кореја претходно јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун издал наредба одамна затворената „жешка линија“ со Јужна Кореја повторно да биде воспоставена.
Каналот за комуникација има за цел да воспостави официјален дијалог за испраќање на севернокорејска делегација на Зимските олимписки игри, кои следниот месец ќе се одржат во Јужна Кореја.
Претставник на претседателот во Сеул соопшти дека тоа е значаен напредок.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш